Повредата на Домагој Дувњак ја стиши неверојатната навивачка еуфроија во загребската „Арена“ во текот на мечот помеѓу Хрватска и Србија. Еден од најдобрите играчи во составот на Хрватска со помош од играчите го напушти теренот, а повредата го загрижи селекторот Лино Червар.

– Победата ја засени повредата на Дувњак. Му страдаше листот и веројатно неколку мускулни влакна. Штета. Многу сум загрижен. Прегледите ќе покажат колку е тешка повредата. Сакав напад пред повредата да го промениме, но бучавоста во салата не ни дозволи таква замена. Можеби така требало да биде. – истакна Червар.

Дувњак поради учеството на ЕП влезе во клинч со Кил, бидејќи Хрватот заздравувањето од повредата го темпираше за континенталниот собир кој можеби ќе заврши уште непочнат.

Хрватска ја сомле Србија на стартот од ЕП

OhridNews