Тренерот на актуелниот македонски ракометен првак Металург, Лино Червар е најсериозен кандидат за преземање на селекторската позиција во женската репрезентација на Хрватска.


Хрватските медиуми на листата од потенцијални селектори, искусниот ракометен стручњак го ставија на врвот пред останатите кандидати.

Селекторската позиција остана празна откако Владимир Чанјуга замина од репрезентација по дебаклот на Европското првенство на кое Хрвастка е кодомаќин со Унгарија.

Червар повеќе успешно ја водеше машката селекцијата пред десетина години кога ги освои златните медаљи од Светското првенство 2003 година и една година подоцна од Олимпијадата во Атина.

Мх.П.