Ракометарите на Металург предводени од искусниот хрватски стратег Лино Червар, зад нив имаат сезона за паметење. Во македонскиот шампионат рутинирано стигнаа до третата титула во низа, петта во историјата. Играа во завршницата од Купот на Македонија и во СЕХА лигата а на два пати беа поразени од “лутиот“ ривал Вардар Про.


– Горд сум на екипата, што покажа карактер низ целата сезона. Ова беше напорна година за мене така и за ракометарите кои на крајот не ме разочараа – рече Лино Червар.

Македонскиот преставник во Лигата на Шампиони, Металург натпреварувањето го заврши во 1/8 финалето. Подобар противник од “металурзите“ во 1/8 финалето беше хрватскиот тим предводен од Балиќ, Загреб Кроација.



– Во лигата на Шампиони покажавме дека можиме да се носиме со сите противнци. Сигнавме до 1/8 финалето каде мораше да го поминеме Загреб. На сите наши натпревари на домашен терен салата беше преполна, има ли подобро нешто од тоа. Исто така можам слободно да кажам дека Металург ја поседува најдобрата екипа на Балканот – заврши Червар, кој на 3 јуни ќе го предводи “тимот на светот“.

Мх.П.