Сегашниот селектор на Хрватска, Лино Червар има само пофални зборови за македонската ракометна репрезентација која ја водеше минатата година на Светското првенство во Франција. „Црвено жолтите“ се лидери со три бодови во главната фаза, а во прелиминарната рунда завршија пред Германија, Словенија и Црна Гора.

– Македонија никогаш не играло поубав ракомет и јас сум воодушевен. Филип Талески прерасна во врвен играчи, Кузманоски има забележителен напредок и сите репрезентативци играат на врвно ниво. – изјави Червар.

Пофални комплименти за Македонија и селекторот Раул Гонзалес не штедеше Лука Циндриќ. – Јас најавив, а никој не очекуваше дека Македонија ќе биде вистински хит на првенството. Нивниот селектор и мојот тренер во Вардар уште еднаш на дело ја покажа својата генијалност и успеа со просечна екипа да ги засени селекции какви што се Германија и Словенија. Јас од срце им честитам и им посакувам успесите понатаму.

Хрватска успешно ја одработи својата првата задача во главната фаза победувајќи ја Белорусија, додека „црвено жолтите“ в недела во Вараждин ќе се сретнат со Шпанија.

OhridNews