Пред ждребот во Данска, голема желба на  “металурзите“ беше да се избегне Копенхаген, а да се добие Загреб или Адемар Леон. Желбите на македонскиот првак Металург се остварија, во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони ќе се сретнат со хрватски Загреб КО.


Во центар на вниманието е тренерот на Металург, Лино Червар кој седум години го водеше Загреб КО. Со хрватот на клупата Загреб освои седум титули во лигата на Хрватска, и еднаш играше во финалето на КПК, по поразот од Шамбери, Червар ја напушти клупата.


Загреб е задоволен со овој ждреб, тие потајно не посакуваа. Пласманот во најдобрите 16, за нас преставува огромен успех и награда за две годишната работа. Каков тренер би бил  јас ако речам дека ова е доволно, во мојот тренерски речник не постои зборот “доста е“, секогаш може подобро  – истакна Червар за хртватскиот интернет портал Индекс.


Првиот натпревар помеѓу Металург и Загреб ќе се игра во Скопје, а точниот датум на мечот нахнадно ќе биде одреден. Реванш дуелот од 1/8 финалето во Лигата на Шампиони е во салата “Арена“ во Загреб.

Мх.П.