Најдобриот чешки ракометар, Филип Јиха, ќе отсуствува од терените најмалку шест недели, откако се реши да го оперира скочниот зглоб на левата нога.

Паузата која му престои на Јиха значи дека тој нема да биде во составот на Кил за мечот со Металург во Лигата на шампионите на 18-ти октомври, но тој нема да може да и’ помогне на својата репрезентација, која во рамките на квалификациите за пласман на ЕП, на 2-ри ноември ќе ја пречека Македонија.
„Макфакс“










