Чешка е само втора земја членка од Европската унија, која во изминативе два месеци се реши да го признае уставното име на земјава. Со оваа одлука, отсега во билатералната комуникација и официјалните документи, оваа земја ќе ни се обраќа со името Република Македонија.
Попладнево Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во писмо упатено до својот чешки колега, нагласи дека Македонија високо ја цени големата подршка која стигнува од оваа земја.
„Оваа одлука претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу двете земји и пријателски гест во насока на продлабуочување на довербата и пријателството.“ – се вели во писмото испратено до чешкиот колега.
Инаку, пред почетокот на оваа година, Унгарија се одлучи да го признае уставното име на Македонија.
OhridNews