Охриѓанецот Кире Маркоски професионалната фудбалска кариера ќе ја продолжи во Чешка. Повремениот репрезентативец потпиша договор со екипата на Карвина која се натпреварува во Првата лига.

Нов клуб и нов предизвик. Среќен сум што направив чекор напред во кариерата и се надевам дека ќе ги исполнам сите цели и задачи. – изјави Маркоски.

Минатава сезона Маркоски ја помина во Кипар носејќи го дресот на АЕЛ Лимасол.

OhridNews