Франтишек Рајторал (31), поранешен фудбалски репрезентативец на Чешка, бил пронајден мртов во својот дом, а полицијата се сомнева дека извршил самоубиство.
Рајторал од 2016 година играл во Газиентеп, за чешката репрезентација играл од 2012 до 2014 година. Бил дел од селекцијата која играше на Европското првенство во 2012 година.
Труските медиуми пишуваат дека Рајторал се обесил во својот дом. Полицијата влегла во неговиот дом откако не се појавил во клубот, а не одговарал на телефонските повици.
„За жал, можам да потврдам дека тој се самоубил. Неговите соиграчи беа загрижени кога не се појави на тренингот. Не изгледаше како личност која има некаков проблем. Не би знаел да кажам зошто се самоубил“, рекол претседателот на клубот, Ибрахим Кизил.
Франтишек Рајторал во кариерата играл за Хановер, Викторија Плзен, Бањик, Марила Прибрам. За чешката репрезентација одиграл 14 натпревари.
OhridNews