Ракометарите “изгинаа“ на теренот за триумф над Чешка, кој ја лансираше Македонија во вториот круг. Атмосферата во преполната сала “Чаир“, беше фантастична  благодарение на “македонската фаланга“ која ја зачини победата на избраниците на Звонко Шундовски .


Уште пред ваква публика не сум играл – дециден и краток беше најдобриот ракометар на Чешка, Филип Јиха.


Македонското стампедо се сели во Белград, каде македонската репрезентација го продолжува сонот на ЕП. Првиот натпревар “црвено жолтите“ го играат со Данска в сабота со почеток во 20:15 часот.

Мх.П.