На денешен ден 1941 година борците на Првиот прилепски партизански одред извршиле напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа.
Со овој чин бил означен почетокот на востанието против фашизмот на македонскиот народ во Втората светска војна и ослободување на окупираната земја. На 12 октомври пукнале првите пушки на кумановските партизани.
Тоа бил почеток на четиригодишната народно ослободителна војна на македонскиот народ која заврши со формирање сопствена држава.
Празникот 11 Октомври во Охрид се одбележува со низа свечености.
OhridNews