Градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповест по повод големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.

  • Во духот на христијанските пораки за благосостојба, мир и разбирање, на сите наши сограѓани од католичка вероисповест им го честитам големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ. Посакувам овие празнични мигови да Ви донесат многу здравје и неизмерна радост и да ги исполнат Вашите домови со убавина и спокој. Големината и значењето на овој празник нека бидат инспирација за меѓусебно помагање и нека бидат мотив за негување на хуманите вредности. Вербата во бога и неговата чудотворна моќ нека не исполнат со желба, надеж и сила да го избереме вистинскиот пат и заеднички да создадеме услови за подобра иднина и поубав живот. Да продолжиме да бидеме сплотени и постојано да ја споделуваме божјата милост и љубов. Нека е за многу години големиот празник!- стои во честитката на Георгиески.

OhridNews