По повод Денот на независноста, 8-ми Септември, честитки до граѓаните на Охрид упати градоначалникот Константин Георгиески.

Денес стоиме на чекор пред остварувањето на сонот, нашата татковина да стане рамноправна членка на НАТО и на Европската Унија, каде што рамо до рамо со светските сили ќе продолжиме да ја јакнеме демократијата и да создадеме услови за стабилен економски развој и квалитетен животен стандард. Мораме да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да работиме кон остварување на оваа цел, која ќе донесе просперитет за нас и нашите идни поколенија.
Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна Република Северна Македонија! – се вели во празничната честитка на градоначалникот Константин Георгиески.












