Честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица упати градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.
Упатувам најсрдечни честитки по повод православниот празник Успение на Пресвета Богородица со желби за здравје, спокој и благосостојба во секој дом. Ваквите празници се симбол на вистинските семејни вредности кои се цврста основа за заедништво и сполотеност во општеството. Верата кон Бога нека не води на вистинскиот животен пат и нека биде наш мотив за поголемо човекољубие и меѓусебна почит, се вели во честитката.
Нека е за многу години празникот, Ви посакувам убав празничен ден! – додава Георгиески во честитката.
OhridNews












