По повод националниот празник на Власите, честитка до припадниците на оваа етничка заедница упати градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески.

Дозволете во мое лично име и во име на граѓаните на Охрид, наискрено да Ви го честитам 23 мај – Денот на Власите и да Ви посакам здравје, среќа и бериќет.Влашкиот народ како посебен етнички, јазичен и културен субјект  е од особено значење за Влашката заедница, но и за целата македонска држава. Како нераскинлив дел од македонскиот мултиетнички мозаик Вие сте посветени граѓани на својата држава и на својата заедница, успешни во сите полиња на општествениот живот. Благосостојбата и просперитетот на  Република Македонија, како наш заеднички дом, зависи од сите нас, вклучително и од влашката заедница, стои во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески упатена до припадниците на влашката заедница по повод одбележувањето 23 – ти мај, Националниот ден на Власите.

OhridNews