Со желби за мир, разбирање, љубов и подобра перспектива, Реис Улема Х. Сулејман Ефенди Реџепи испрати честитка до верниците од муслиманска вероисповест.
„Го испративме највозвишениот Месец во годината, го испративме Месецот на чесниот Куран во кој ние се трудевме да живееме и да изградиме стандарди за нашиот живот и за нашата перспектива“, вели Реџепи во пораката за Бајрам.
„Единството помеѓу нас, меѓусебното разбирање и меѓуверската толеранција преставуваат многу вредно богатство произлезено од нашата вера и од нашиот народ а кои ги потврдувавме и зајакнувавме во текот на овој благословен Рамазан низ нашите џамии, на други јавни места и посебно преку нашите заеднички ифтари. Ние сме воспитани на секому да му ја пружиме нашата рака за поткрепа, без разлика на која вера или националност му припаѓа. Мирот кој треба да доминира во човештвото не е ни помалку ни повеќе, туку барање кое извира од нашата вера. Толеранцијата, соживотот и меѓусебниот респект се фундаментални принципи и вредности на Исламот без кои не може да се замисли развојот и прогресот на светот“, додава Реис Улема Х. Сулејман Ефенди Реџепи.
Тој порача дека ова е празник во кој се возобновуваат моралните вредности, пријателствата и комшиските односи, дека треба да се покаже нивото на верската култура како и степенот на моралот помагајќи секого и отварајќи ги вратите на нашите куќи за оние кои ни го честитаат празникот.
„Во името на Исламската Верска Заедница, како и во свое лично име барам од вас да се солидаризирате со нашите браќа насекаде врз кои се врши насилие и зло и оние кои страдаат во војните од луѓе кои не поседуваат вера и тоа молејќи се за нив да бидат заштитени од милоста на Аллах џ.ш. и никогаш да не бидат од нас заборавени. Денес на некои места во светот некои муслимани се без заштита и без кров над главата. Затоа го молам Аллах џ.ш. нивната состојба и позиција што побргу да се промени на подобро’, вели Реис Реџепи.
„Ви посакувам во овие празнични бајрамски денови да ја изразиме нашата љубов за нашите семејства, пријатели и комшии. Дозволете во името на Исламската Верска Заедница, во името на сите нејзини институции и во мое лично име на Вас браќа верници да ви го честитам Фитр Бајрам со желба во нашиве простори да владеат мирот, хармонијата, љубовта а нашата перспектива да биде поинаква од сегашната. За многу години Бајрам. Бајрам мубарек олсун“, завршува. Реис Улема Х. Сулејман Ефенди Реџепи
Самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ ќе биде поставена во Куќа на Робевци на 1-ви август во 20 часот После самостојните излагања во Париз и Венец...
Сите државни институции и јавни правни лица имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјални таблици во боја Оваа одлу...
Претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка во посета на Охрид, Струга и Вевчани остварија средби со градоначалниците и претставници на секторите за туризам Во изминатите два дена,...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.