– Огромно е задоволството што 20-годишниот јубилеј го чествуваме во слободна и суверена држава, национална држава на македонскиот народ и татковина на сите припадници на другите етнички заедници што живеат во државава, членка на ООН и рамноправен субјект во меѓународната заедница. Без оглед на величината и богатството, без оглед на тоа како е прифатена, дали е напаѓана или оспорувана, Република Македонија ни е една и единствена татковина. Таа е географски одредена со нејзините меѓународно признати граници. Ние немаме друга татковина. Затоа мораме да ја чуваме, да ја градиме и да се бориме за неа. Притоа е важно сите граѓани на Република Македонија еднакво да ја сакаат државата и да ја чувствуваат како своја татковина. Тоа е важна претпоставка за меѓусебно разбирање, дијалог и соработка, за меѓусебно почитување, толеранција и соживот. Таквите определби се традиционални на овие простори и се содржани како во Крушевскиот манифест, така и во асномските документи.Честитка од првиот претседател Глигоров по повод 8 септември
– Огромно е задоволството што 20-годишниот јубилеј го чествуваме во слободна и суверена држава, национална држава на македонскиот народ и татковина на сите припадници на другите етнички заедници што живеат во државава, членка на ООН и рамноправен субјект во меѓународната заедница. Без оглед на величината и богатството, без оглед на тоа како е прифатена, дали е напаѓана или оспорувана, Република Македонија ни е една и единствена татковина. Таа е географски одредена со нејзините меѓународно признати граници. Ние немаме друга татковина. Затоа мораме да ја чуваме, да ја градиме и да се бориме за неа. Притоа е важно сите граѓани на Република Македонија еднакво да ја сакаат државата и да ја чувствуваат како своја татковина. Тоа е важна претпоставка за меѓусебно разбирање, дијалог и соработка, за меѓусебно почитување, толеранција и соживот. Таквите определби се традиционални на овие простори и се содржани како во Крушевскиот манифест, така и во асномските документи.© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com












