СДСМ Охрид на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Раѓањето Христово – Божик и им посакува празничните денови да ги поминат во добро здравје, радост и среќа.
– Во секој наш дом нека се вгнезди божја љубов и милосрдие. Инспирирани од Исусовото раѓање, да го славиме и да му се радуваме на животот. Истовремено, во срцата на сите нека се вселат мирот и спокојството, почитта и разбирањето. Во духот на празникот, секој нека даде љубов, помош и поддршка на своите ближни.Нека е честит празникот и за многу години. Христос се роди, се наведува во честитката од ОО на СДСМ.
На сите православни верници Христовото раѓање им го честита и независниот советник Кујтим Усеини кој им посакува уште многу години многу да го слават големиот празник во добро расположение, со љубов,здравје и меѓусебна почит.
OhridNews