Бројни честитки пристигнаа до нашата редакција по повод деветтиот роденден на OhridNews.
„Пo повод 9 годишнината од работата на OHRIDNEWS, првиот информативен електронски весник во Охрид и земјата, Ви упатуваме искрени честитки и желби за натамошна успешна работа.
OHRIDNEWS, изминативе години се докажа како сериозен и одговорен информативен портал кој цврсто опстојува на професионалното, објективното и непристрасно информирање со високо нормирани стандарди на отвореност кон читателите и институциите на системот.
OHRIDNEWS, грижливо работејќи во интерес на граѓаните и заедницата, ја заслужи довербата на јавноста, со што и понатаму останува медиум кој се чита и на кој му се верува.
Со посебно задоволство и почит, ја потенцираме извонредната соработка што Секторот за внатрешни работи Охрид ја има со OHRIDNEWS и Вашиот придонес, СВР Охрид да биде претставен како вистински сервис на граѓаните и гарант на заштитата на човековите права и слободи.“ – се вели во честитката упатена од портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Честитки по повод деветтиот роденден на OhridNews постојано стигнуваат на социјалните мрежи:
OhridNews официјално со работа започна на 7-ми декември 2006 годнина, внесувајќи нов тренд во информирањето. За 9 години постоење порталот продуцираше над 90.000 информации, стотици видео емисии, интервјуа, вести… Секојдневно OhridNews го посетуваат околу 15.000 читатели кои остваруваат близу 70.000 прегледи, што го прави OhridNews убедливо најпосетуваниот и најдобар информативен интернет портал во поширокиот регион. Низ годините OhridNews растеше кадровски и технички се подобруваше и осовременуваше, воведувајќи нови содржини и поставувајќи стандарди кои се репер за квалитетно информирање.
Тимот на OhridNews со соработниците
Најискрено Ви благодариме на убавите честитки и поддршката што ни ја давате.
Ваш OhridNews