
-Дозволете во име на Општина Охрид на сите припадници од српска националност да упатиме честитки по повод одбележувањето на 27- ми јануари , Денот на граѓаните од српска националност со желби за многу здравје, среќа и успех. Живеејки во свет кој упатува на почитување на културни те и јазичните вредности на етничките заедници сакаме да го искажеме нашето задоволство што Вие како етничка заедница сте дел од ова мултикултурно и мултиетничко општество. Вашиот празник поминете го во мир и благосостојба, во знакот на меѓуетничко почитување и огромен понатамошен успех во интегрирањето на Србите во Република Македонија – стои во честитката до српската етничка заедница во Охрид.











