По повод Меѓународниот ден на Бошњаците, двете најголеми политички партии во земјава испратија честитка до сите припадници на оваа заедница.

 „Дозволете ми во лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 септември, на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија да им го честитам овој голем ден со искрени желби за успешно промовирање, негување и ширење на бошњачката култура и традиција во Република Македонија. Бошњаците имаат значаен придонес во градењето на македонската држава и во негувањето на различностите и меѓуетничката толеранција во нашето општество преку промовирањето на сопствените културни вредности.  Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример на нашите деца и праќаме порака за почитување и соживот во Република Македонија.Во оваа прилика сакам уште еднаш да ги повторам моите искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и разбирање, мир и општа благосостојба на сите граѓани на Република Македонија.“ – се вели во честитката испратена од претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Богатството на Македонија и нејзината уникатност ја прави нејзината културна разноликост во која Бошњаците даваат свој огромен придонес со својата култура и традиции. Бошњаците во Република Македонија се нејзин нераскнилив дел и тие низ годините во минатото покажале дека се важна нишка која придонесува за јакнење на меѓусебната толеранција, разбирањето помеѓу граѓаните и изграбата на едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, пример за земјите од регионот и пошироко. Бошњачката заедница  давала и во иднина ќе дава огромен културен и економски придонес во развојот на нашата заедничка татковина, со цел изградба на напредна и стабилна Република Македонија.“ –  стои во честитката на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

OhridNews