Најдобриот фудбалер во светот, Лионел Меси, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, Алесандро дел Пиеро се само мал дел од луѓето кои јавно му упатија честитка на Лестер за освоената титулата во Премеир лигата.

„Лисиците“ ги поместија границите во фудбалот и со отворен гард им се спротиставија на екипите кои вредат милијарди, милијарди.

Лионел Меси: Причина зошто сите го сакаме фудбалот.

Карло Анчелоти: Честитки за Лестер и за мојот драг пријател Раниери за историскиот успех во Премиер лигата.

Алесандро дел Пиеро: Среќен сум поради Раниери и оние кои искрено го сакаа фудбалот. Успех за кој долго ќе се говори.

Џани Инфантино: Прекрасна приказна.

Герет Бејл: Жал ми е за мојот Тотенхем, но Лестер заслужува честитки. Го сакам фудбалот.

Иско: Честитки. Ви благодарам што ни покажавте дека не е ништо невозможно ако се сака.

Денис Суарез: Фудбалот е прекрасен. Сите навивавме за Лестер.

Тони Крос: Големи честитки, тоа е фудбалот.

Петр Чех: Честитки за Лестер и историскиот успех.

Мајкл Овен: Каква екипа, каква приказна !

Робин ван Перси: Неверојатен успех. Честитки за освоената титулата.

Масимилијано Алегри: Браво за Раниери, браво и за Лестер. Се гледаме во Лигата на Шампиони.

Гери Линекер: Не можам да дишам.

Роберто Манчини: Честитки до Раниери и Лестер. Не е лесно да освојиш титула во Англија.

Марио Балотели: Лестер е шампион ! Честитки за играчите и неверојатниот човек на клупата.

Леонардо Бонучи: Ова е фудбал ! Нема невозможни работи и лесно секој сон може да стани реалност. Честитки Раниери, голем човеку !

OhridNews