11 октомври е пресвртница во борбата за самобитност и национална индивидуалност на нашиот народ, во неговата борба за слобода, за национални и социјални права, за сопствената државност, се наведува во честитката од општинската ВМРО ДПМНЕ, по повод годишнината од Народното востание.

– Оруженото востание, започнато на 11 октомври 1941 година, претставува исклучително значаен историски чин во долготрајната народноослободителна борба на македонскиот народ. И денес, 11 Октомври останува да биде празнуван и славен како  почеток на востанието на македонскиот народ против фашистичката агресија. Овој датум треба да остане  симбол кој го одбележува антифашизмот, борбата за национална слобода и борба за обединување. Овој ден докажува како се сака татковината, се сеќаваме на паднатите борци кои прерано ги загубија своите животи како залог за татковината, а кои оставија аманет да ја сакаме и чуваме, зашто таа е се’ што имаме, стои во честитката.

OhridNews