Од општинската ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честитаат 23 октомври-Денот на формирањето на ВМРО и Денот на македонската револуционерна борба.
– Создавањето на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација- ВМРО, пред 120 години на 23 октомври 1893 година во Солун, претставува најзначајниот историски момент во организираната борба на македонците за формирање на своја независна Македонска држава.Во овие моменти на чествување на големиот празник, се сеќаваме и ги спомнуваме сите револуционери и борци, кои низ историјата ги втемелија своите животи за создавање на самостојна, независна и достоинствена Република Македонија.Нам како ВМРО-ДПМНЕ, наследници на принципите и идеологијата на историската ВМРО од 1893, имаме обврска да го продолжиме делото на нашите предци, да ги почитуваме и достојно да ги применуваме оние национални и патриотски постулати на кои се формира и за кои се бореше, најголемата и најзначајна македонска револуционерна организација. Нашата денешна генерациска битка е насочена кон подобрување на животниот стандард на граѓаните, борба за повеќе работни места во Охрид, враќањето на достоинството на градот, воведување на нови принципи кон вреднување на човечките квалитети и отворање на перспективи и можности за младите во Охрид, се наведува во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
Честитка до граѓаните и од градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски, во која стои дека овој датум длабоко е врежан во сите нас и не потсетува на истрајноста за зачувување на идеалите за македонската државност низ изминативе 120 години. Датум кој ќе се празнува вечно.
По повод празникот, до своите членови, симпатизери и сите граѓани упатуваат и од општинската ВМРО-Народна партија.
Честитки до сите граѓани и желби за среќен и долговечен празник и од СВР- Охрид.
– Почитувајќи ги вековните идеали и стремежи за слобода на македонскиот народ, како демократска и професионална институција, доследно ја продолжуваме борбата за изградба на стабилен безбедносен систем и ефикасно справување со криминалитетот. Работиме неселективно, законски и етички имплементирајќи ги современите Европски стандарди за полициско работење и проактивен пристап со јавноста. Посветени сме кон почитување и зајакнување на човековите права и слободи и блискост со граѓаните и го даваме нашиот придонес во зацврстувањето на Република Македонија како правна, модерна и безбедна Европска земја, се наведува во честитката од СВР- Охрид.
OhridNews