По повод  празникот Рождество Христово – Божиќ кој на 25-ти декември го слават верниците од католичка вероисповед честитки упатија ограноците на најголемите политички партии,

-На граѓаните кои го прославуваат големиот христијанскиот празник според Грегоријанскиот календар им посакуваме пријатни празнични мигови со своите најблиски, семејна среќа, бериќет и благосостојба. Овој семеен празник за раѓањето Исусово кој зближува, не потсетува на традиционалните вредности на милосрдие, хуманост, разбирање и меѓусебно почитување. – се вели во честитката на ВМРО ДПМНЕ.

–Општинската организација на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија од Охрид ви посакува со радост во срцата и спокој во душите да ја дочекате веста за Рожденството Христово. Ова се денови на неизмерна радост и денови на сплотеност. Поминете ги во спокој, добро здравје и среќа заедно со вашите семејства. Меѓусебната почит, толеранцијата и разбирањето се вредности кон кои постојано тежнееме, и во тој дух, посакуваме уште посилно да ги развиваме овие вредности во годината што доаѓа. Нека Ви е честито Раѓањето Христово–Божиќ.– стои во честитката на охридските социјалдемократи.

OhridNews