Со пораки за мир, спокој, здравје, љубов и среќа членовите на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Охрид, денеска, на големиот празник Бадник, на граѓаните кои ги затекнаа низ охридската чаршија им поделија бадникови гранчиња.

Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите православни верници им упатува искрени честитки по повод големиот христијански празник Рождество Христово – Божик.

– Вечерта на Бадник нека го избрише сето она што сакате да го заборавите, а утрото на Божиќ Ви исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов. Нека овој свет ден Ви донесе мир во надежта и радост во животот. Љубовта и мирот да ги исполнат Вашите домови со топлина, семејна среќа и хармонија. Светлоста на празникот нека биде водилка за секој верник во оваа година на предизвици и одлуки, за создавање на добри дела и оставање трага од добрина за идните поколенија. Во духот на Божиќните празнувања да ги потврдиме патот на љубовта и спасението на човековиот род и патот за напредок на Охрид и Република Македонија. На сите христијански верници, и Бадник и Божиќ да им донесат многу здравје, среќа, љубов и мир, се наведува во честитката од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

OhridNews