Здраво Ohridnews,

Честито за наградата. Браво. Како колега (новинар/репортер) во холандска национална телевизија ви посакувам уште подобра иднина.

Од милиони веб страници во интернет џјунглата има и светилник од Охрид. Подобро познато како Ohridnews.com – 100% охридски вести. Исто и јас сум секој ден корисник. Дали сум заразен? Да, случајно пред една година. Вие ме заразивте. Ви благодарам. Не сум пушач, слабо користам алкохол ама со Ohridnews добивам секој ден задоволство. Живели! Преку вас дијаспората може да почувствува што се случува во охридскиот живот околу тетка Лена, таксистот Кире, комшијата Богдан, келнеротПеце, рибарот Столе, студентот Дејан и правникот Драган.

Живееме на мултимедијален автопат. Од секоја страна има вести влезови и излази. Преку мобилни, blackberry’s, iphones, и компјутери по цел свет за секунда можеме со еден прст сами да си одлучуваме. Не сме повеќе зависни од големите традиционални медиумски готвачи. Просечниот “модерен“ човек нема време да се занимава нон-стоп со
гледање телевизија/слушање радио/ читање на традиционалните весници. Поради службени, приватни, фамилијарни обврски. На пример спорт, музичко или други интереси. Секој еден си прати вести на свој начин и секој еден си одлучува сам во кој момент во денот ќе си конзумира сервирани информации/забави.

Во Охрид имаше последните 12 месеци тотално различни вести. Сериозни, вредни, трагични, хумористични и досадни октопус политички. Мојте топ вести на  Ohridnews во 2008 година се:

Од сите туристи покрај езеро, костумосани посетитетли на самити, конгрезsи, семинари, митинзи, форуми, конференци, берзи, тренинзи, предаваwа, мастеркласови и од сите странски претседатели, спектакуларни хеликоптери, глисери, авиони, скутери, мотори, лимузини, специалци, полицајци, блокирани улици, строга безбедноста, летни гужви и
Лени Кравиз во Охрид на еден летен ден поминуваат едно магаре…….

На 26-8-2008. Да, точно. Магаре на зебра! Во Охрид. Ме интересира: како е името од магарето, каде е сега магарето, од кого е? Магаре на зебра се мојте Ohridnews-вести на годината.

На крај имам и позитивна критика. Од искуство знам дека пофалници се стално пријатни и добродојдени. И знам дека во новинарството помеѓу колеги нема ништо повредно од директноста, искреноста и свежа комуникација. Со цел утрешното да биде уште подобро од денешното. Ohridnews  изгради веке доверба, искуство, стабилност, професионалност, имате силно име, адреналин. Но сега да направите друг важен чекор. Внимавајте да не работите на автоматски пилот со оваа награда. Подобро е да се концентрирате 100% на охридски (и регионални) вести. Друго ништо. Без светски и државни политички теми. А дали е можно насловите и сликите од првата страница да се
поголеми и по повпешатливи. Во секунда да се види сто има ново на Ohridnews.

Како и да е, фала за секојдневните вести. Среќна нова година и добар успех.

Владо Велјаноски
(репортер НОС-ТВ)