По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, општината во соработка со ОО Сојуз на борци на општините Охрид и Дебарца, организираат низа свечености со кои достојно ќе биде одбележан празникот.

Денеска во продолжение на холандскиот парк, во организација на „Лајонс“ клубовите од Охрид ќе бидат засадени 43 бели рози, додека подоцна во селото Куратица ќе биде оддржана промоција на проектот „Рехабилитација на каптажите на водоводниот систем.

Во текот на утрешниот ден, делегации на општина Охрид ќе положи свежо-цвеќе пред спомен-бистите на Мите Богоески пред економското средно училиште, Петре Пирузе-Мајски пред Основниот суд, Андон Дуков и Спас Банџов во градскиот парк, споменикот на Јасна Ристеска во селото Рамне, односно споменикот на паднататите борци на градските гробишта во Охрид.

Чествувањата продолжуваат со историски час, на кој за значењето на овој ден ќе зборува Никола Стефаноски, потпреседател на ОО Сојуз на борци за општините Охрид и Дебарца.

Програмата ќе биде збогатена со настап на културно уметничкото друштво при Здружението на пензионери од Охрид, а свој настап ќе имаат и децата од „Распеано рибарче“

Исто така, во спортската сала „Билјанини извори“ најмладите ќе одржат свечена приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

OhridNews