Во Паркот на поезијата во Струга денеска ќе се одржи чествување за добитникот на „Златниот венец“ на Струшки вечери на поезијата во 1990 година, шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон.

Националната установа „Струшки вечери на поезијата“, соопшти дека чествувањето го организира во соработка со Амбасaдата на Кралството Шпанија.

По официјалните обраќања ќе бидe oдржана беседа за Хусто Хорхе Падрон и неговиот придонес како пријател на Струшките вечери на поезијата од страна на нашиот истакнат универзитетски професор и поет Иван Џепароски, по која следува читање на поезијата на лауреатот, стои во најавата на СВП.

На настанот, како што посочуваат, ќе присуствува сопругата на лауреатот Клементина Филипова де Хорхе Падрон и нивната ќерка Лара де Хорхе Филипова.

Хусто Хорхе Падрон бил голем пријател на Струшките вечери на поезијата, роден е на 1 октомври 1943 година, а почина на 11 април, 2021 година.

OhridNews