Во организација на локалната самоуправа, утре, 27-ми февруари, во 11 часот, ќе се одбележи годишнината од смртта на гемиџијата Марко Бошњаков. Пред спомен плочата на родната куќа на Бошнаков ќе се положи свежо цвеќе, а историски час за гемиџијата ќе одржи проф. Ристо Николески.

Во петок, 28-ми февруари, во 11 часот, општина Охрид  и ОО на Сојуз  на борци од Охрид и Дебрца ќе ја одбележат годишнината од смртта на Андон Дуков. На спомен обележјето на Дуков во градскиот парк ќе бид еположено свежо цвеќе, при што ќе се обрати претседателот на ОО на Сојуз на борци од Охрид и Дебрца, Гоце Георгиески.

Во петок, во 11.15 часот, ќе се одбележи и јубилејот-145 години од раѓањето на Кирил Прличев.  Во Прличевата одаја во охридската библиотека, историски час за ликот и делото на Прличев ќе одржи професорот по историја, Климент Спасески.

OhridNews