ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец со повеќе свечености, нови просторни содржини во употреба, како и со евидентни успеси на учениците на регионални и државни натпревари, го одбележа патрониот празник. Одбележувањето се поврзува со денот на раѓањето на Ванчо Николески (10 јуни 1912), основоположникот на литературата за деца и млади кај нас и еден од великаните на македонското литературно творештво воопшто. Традиционално, во чествувањето, учество зедоа и наставници од збратименото училиште од Лесковац, Србија.

Ова здружение, традиционално, ја организира манифестацијата Балкански поетски камп за млади “Ванчо Николески”, која се одржува кон крајот на август, секоја година, а започнува во основното училиште во Лескоец. Ова училиште е единствената институција во Македонија која го носи името на Николески и тоа не само во формална смисла, туку длабоко суштински, со пиетет и достоинство, изразено, пред се, со успесите на учениците и пласманот на натпревари и слични активности.

Почина 1980 година, на 67 годишна возраст.
Веле Митаноски










