Четири бронзени медали и една пофалница за тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика што се одржа во Охрид.

Во конкуренција на 62 учесници од 16 држави од Балканот и пошироко, тимот од Македонија ги постигна следните резултати:

Бронзени медали:

  • Андреј Тасиќ – I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  • Елена Јовановиќ – II година, СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“, Скопје
  • Андрија Младеновиќ – II година, ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје
  • Даниел Христовски – II година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје

Пофалница:

  • Јаков Геговски – I година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје

Водачи на тимот беа проф. Станиша Велковиќ, член на Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и поранешен учесник на олимпијада по физика и  Јан Стојановски – студент на Институтот за физика при УКИМ и поранешен олимпијец.

Наградите на најуспешните им беа доделни на свеченото затворање, а настанот беше збогатен и со културно-уметничка програма.

Натпреварот беше во организација на Друштвото на физичарите на Македонија, под покровителство на Балканскиот сојуз на физика, со поддршка од Европското физичко друштво, Природно-математичкиот факултет во Скопје и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Дел од финансиските средства за организација на олимпијадата ги обезбеди Министерството за образование и наука.

OhridNews