Од 12 до 15 август Струга ќе биде ракометен епицентар во Македонија и на Балканот. По 45-ти пат на теренот пред „Женска плажа“ ќе се одржи ракометниот турнир со меѓународен каратер „Струга 2017“.

Годинашниот турнир во Струга ќе понуди ракомет за сите сладокусци, бидејќи има три македонски екипи (Охрид, Металург и Струга) и три тимови од странство бранителот на трофејот, Шартр од Франција, Алингсас од Шведска и турскиот Бешикташ.

Организаторите финализираа со подготквите и ги покануваат сите љубители на ракометот и спортот да дојдат и да уживаат четирите денови исполнати со ракомет.

Комплетен распоред од мечевите:

Сабота (12 август):

18:45ч. Свечено отворање

19:30ч. Шартр – Струга

21:15ч. Бешикташ – Алингсас

Недела (13 август):

19ч. Бешикташ – Охрид

20:45ч Металург – Шартр

Понеделник (14 август):

19ч. Металург – Струга

20:45ч. Алингсас – Охрид

Вторник (15 август):

18ч. Меч за петто место

19:45ч. Меч за трето место

21:30ч Финале

OhridNews