Денес се навршуваат четири години од бродската несреќа во која животот го загубија 15 бугарски туристи.

По тој повод, во 11 часот, делегација од општина Охрид, претставници на амбасадата на република Бугарија во Македонија и претставници на граѓански здруженија, ќе положат свежо цвеќе пред спомен плочата за загинатите на градскиот кеј.

Бродската несреќа се случи на 5- ти септември 2009 година во 10.35 часот на околу 200 метри од брегот во близина на плажата Елешец , кога потона бродот „Илинден“. Во несреќата загинаа 15 бугарски туристи, но благодарение на пожртвуваноста на капетанот на бродот и присебноста на посадите на бродовите „Александрија“ и „Кристина“ и други храбри граѓани, беа спасени останатите 38 туристи од Бугарија кои се превезувале со бродот.

OhridNews