
На концертот ќе настапат уметници од Рим – Италија, членови на лајанистичкото движење, со чија помош лавовите од „Лихнидос“ во изминатиот период реализираа значајни хуманитарни проекти.
Во изминатите 4 години, преку низа хуманитарни активности, членовите – волонтери на ЛК „Лихнидос“ дадоа голем придонес во заедницата, помагајќи им на социјално загрозените, изнемоштените и болните, на лицата со пречки во развојот, на ранливите категории граѓани. Исто така, клубот несебично реализираше и проекти за помош на талентирани уметници, едуцираше граѓани и го промовираше Охрид како град во кој живеат луѓе со висока свест и општествена одговорност.
ЛК „Лихнидос“ беше еден од носителите на проектот „Декември – Месец на отворено срце“, преку кој заедно со иницијаторите и другите помагатели беа обезбедени средства со кои беше извршена набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби од општина Охрид.
На свеченоста по повод 4-от роденден на ЛК „Лихнидос“, најавено е присуство на ракодството на националната асоцијација на лајанс клубови – Дистрикт 132 Македонија, гости од сродните клубови, лица од јавниот живот и секако хумани граѓани.












