Капитенот на Ливерпул, Стивен Џерард, легендатата на Челси, Френк Лампард, Бред Фридел и Силвијан Дистин по завршување на сезоната ќе се простат од англиската Премиер лига.


Џерард и Лампард продолжуваат во Америка, голманот Фридел со полни 44 години ја завршува кариерата, а стоперот на Евертон, Дистин се враќа во Франција.

Можеби 38-то и последно коло во Премеир лигата ќе биде последен натпревар за триото од Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, Анхел ди Марија и Радамел Фалкао, фудбалерот на Челси, Дидиер Дрогба, Шпанецот, Роберто Солдадо и Алекс Сонг.

Де Геа е пред трансфер во Реал Мадрид, Ди Марија се поврзува со ПСЖ, а Фалкао, кој е на позајмицата на Олд Трафорд не ги оправда големите очекувања.

Годините, а и конкуренцијата го потиснаа Дрогба на клупата од Челси, а невозможно е фудбалер од неговиот калибар да биде задоволен меѓу резервите.

Солдадо го снајде истата судбина како и Фалкао, кој ги кинеше мрежите во шпанската Ла Лига. Со ништо не придонесе во Тотенхем да го сметаат во екипата и за следната сезона.

Со проштално писмо до навивачите од Вест Хем поранешниот фудбалер на Арсенал, Алекс Сонг си ја предвиде својата судбина.

Мх.П.