Ќе бидете тотално изненадени колку лесно и гламурозно ќе изгледате и за сето тоа нема да Ви биде потребен фен или пегла за коса. Ова се неколку летни трендови кои мора да ги испробате.

Класична брановидна коса

За оние кои сте љубители на брановидна коса, оставете ја косата влажна и доколку сте на море оставете ја солта од морето да стои на вашата коса за подобар ефект. Потоа разделете ја косата на четири дела, врзете пунџа и Вашата коса оставете ја нека се суши помеѓу 30-45 минути.

Лесни и едноставни плетенки

Уште од мали нозе носиме плетенки, а сето тоа е со добра причина, тоа е модерен начин за да ја навиткате Вашата коса без многу напор. Можете да направите најразлични плетенки како Француска плетенка, нормална плетенка користејќи силиконски капки за коса, како и многу други плетенки кои изгледаат прекрасно ова лето.

Модерна “коњска опашка”

Сите може да се сложиме дека нема ништо толку безвременско, како основна коњска опашка. Ова лето најчесто се носат ниски коњски опашки отколку високите. Бидејќи врзувањето коњско опавче е многу едноставно можете да го врзувате од најразлични страни и на најразлични начини, а сето тоа да доведе до поинаков елегантен изглед.

Пунџа за секаква пригода

Нема фризура која е толку разноврсна како чудесната пунџа. Можете да ја носите во попладневните часови,па да ја направите повторно и да бидете модерни во вечерните часови. Пунџите се идеални за секоја пригода и за секаква должина на вашата коса, тие никогаш не излегуваат од мода. Оваа фризура е лесен начин да изгледате свечено и гламурозно, без да трошите многу време и пари по фризерски салони.