На 5-ти јануари,05.25 часот 23-годишна девојка од Струга со нејзина другарка се враќале од угостителски објект во село Добри Дол каде што биле вработени.При тоа, до такси возилото со кое се превезувале во Гостивар, се доближило патничко моторно возило „БМВ“ со словенечки регистерски ознаки, во кое се наоѓале неколку лица и почнале да им дофрлуваат и недолично да се однесуваат. По ова такси возилото продолжило и застанало на друга улица,а за тоа време другото возило постојано ги пратело.
Отакако возилото во кое се наоѓале девојките запрело,од другото возило излегле три лица од кои едното наводно држело пиштол во раката (подоцна е утврдено дека се работи за пиштол-запалка), додека другото лице ја отворило вратата и се обидело да и го одземе паричникот на стружанката.Не успеало во намерата, па насилно ја извадило од возилото и и го одзел мобилниот телефон, по што ја турнал, а девојката паднала на тротоар и се повредила.
Лицата со возилото побегнале од местото на настанот, случајот е пријавен во гостиварската полициска станица,по што возилото е лоцирано во Тетово, запрено и биле приведени четири лица од село Добри Дол на возраст од 18,23 и 24 години.
По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
OhridNews