Бразилскиот репрезентативец Даглас Коста ќе паузира четири натпревари во Серија А. Дисциплинската комисија во „калчо“ лигата му ја изрече оваа казна на Даглас Коста за плукањето на противнички играч на дуелот помеѓу Јувентус – Сасуоло.

После натпреварот Даглас Коста се извини за неспортскиот потег, но тоа не му помогна и италијаните го казнија со четири натпревари. 28-годишниот фудбалер ќе ги пропушти мечевите со Фросиноне, Болоња, Наполи и Удинезе, а ќе му биде на располагање на клубот за натпреварите во Лигата на Шампиони.

OhridNews