Европската куќа на фудбалот (УЕФА) му изрече суспензија од четири натпревари на Лазар Марковиќ за црвениот картон, кој го доби на мечот Ливерпул – Базел во Лигата на шампиони.


Во последната рунда од групната фаза српскиот репрезентативец со раката го закачи противничкиот фудбалер, кој падна како покосен.


Судијата без двоумење го исклучи иако за ваков старт, кој наликуваше на ненамерен некогаш не се доделува ниту жолт картон.

Марковиќ ќе ги пропушти мечевите со Бешикташ во 1/16 финалето од Лигата на Европа и двата во 1/8 финалето ако „црвените“ успеат да поминат.

Ohridnews