Ждребката за осмифиналето во Лигата на Шампиони беше немилосрдна и донесе четири мега пресметки уште на стартот од елиминациската фаза.

Во осминафиналето силите ќе ги одмерат Рома – Реал Мадрид, милионските екипи ПСЖ – Челси, италијанскиот и германскиот првак Јувентус – Баерн Минхен и старите ривали Арсенал – Барселона.

Најмногу среќа во ждребката имаше Волфзбург кој за противник го доби Гент, а во останатите осминафинални натпревари ќе се сретнат ПСВ – Атлетико Мадрид, Бенфика – Зенит и Динамо Киев – Манчестер Сити. 

Двојки : 

Гент – Волфзбург

Рома – Реал Мадрид

ПСЖ – Челси

Арсенал – Барселона

Јувентус – Баерн Минхен

ПСВ – Атлетико Мадрид

Бенфика – Зенит

Динамо Киев – Манчестер Сити 

Мх.П.