Дисциплинската комисија во Калчо лигата му изрече суспензија од четири натпревари на Филепе Мексес директниот црвен картон добиен со Лацио викендов што измина.
Мексес се однесуваше дивјачки на теренот фаќајки го капитенот на Лацио, Маури за врат кога топката не беше во игра.
Дефанзивецот ќе ги пропушти натпреварите Парма, Јувентус, Емполи и Чезена, а потоа сигурно ќе биде на тапет кај тренерот Филипо Инзаги, кој не трпи вакви испади на теренот.
Мх.П.