Со четири натпревари вечерва продолжуваат возбудувањата на 28. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино.

За разлика од претходните натпреварувачки денови, неделната програма започнува еден час порано, во 19:30 часот, со пресметката меѓу Требеништа и Охридски бисер Филеви.

Потоа следува дуелот БЗ Груп – Том Гор, од 21:30 часот ќе играат ДОЕЛ Ноче и Злате Транс, а вечерната програма ќе ја затворат Бурекџилница Го-Ка и Аце Најдески.

Распоред – недела, 16 август:

19:30 Требеништа – Охридски бисер Филеви
20:30 БЗ Груп – Том Гор
21:30 ДОЕЛ Ноче – Злате Транс
22:30 Бурекџилница Го-Ка – Аце Најдески

Натпреварите се играат на спортското игралиште во Волино.

OhridNews