Четири нови авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром, до Италија, Германија и Данска, од декември 2021, најави Виз ер, информираат од ТАВ Македонија.
Виз ер ќе воведе 3 нови дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје – Болоња и Торино, двете во Италија, како и Билунд во Данска, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, авиокомпанијата ќе почне да лета до Фридрихсхафен, Германија. Првите летови до сите дестинации ќе почнат да во декември 2021 година, информираат од ТАВ Македонија.
ТАВ Македонија истакнува дека како аеродромски оператор тие имаат имплементирано строги мерки за здравје и безбедност со цел да се спречи ширењето на КОВИД-19 во аеродромските објекти.
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид се стекнаа со акредитација од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (ACI) во рамки на Програмата за здравствена акредитација на аеродромите, што претставува нов меѓународен репер во однос на спроведени здравствени мерки на аеродромите ширум светот, креирана за да помогне да се увери патувачката јавност дека аеродромските објекти остануваат безбедни и дека се преземаат мерки на претпазливост за да се намали ризикот по нивното здравје, додаваат од ТАВ Македонија.
Од 19 август 2021 година, согласно новите владини мерки, ТАВ Македонија воведе нови правила за влез во терминалните згради на двата аеродрома: Приложување на сертификат за вакцинација, или сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, или медицинска потврда за негативен КОВИД-19 тест, PCR не постар од 72 часа, или брз антиген тест не постар од 48 часа. Овие правила не се однесуваат на лица под 18 години.
OhridNews












