Резултатите се вкупно шест заразени лица во нашиот клуб после извршените тестирања на ракометарите, стручниот штаб и логистиката во клубот, – велат од Ракометниот клуб Охрид.

Од клубот информираат дека лицата позитивни на коронавирусот се во изолација, со благи симптоми, лесна клиничка слика и добра здравствена состојба. РК Охрид ќе се придржува до сите до сите протоколи и решенија за изолација и понатамошните насоки од Ракометната федерација на Македонија.

РК Охрид апалеира до сите ракометните клубови и останатите спортски колективи да ги почитуваат мерките и протоколите, подготвени од надлежните институции.

Групата А каде се натпреварува Охрид е ставена 15 дена во мирување, а позитивни на ковид -19 има во Групата Б односно во тимот на Работнички.

OhridNews