Младинците од погонот на Ракометниот клуб Охрид ја забележаа втората победа во шампионатот триумфирајќи  на домашен терен против Преспа од Ресен со 42-22 (24-8).

Дуелот во СРЦ „Билјанини Извори“ помина во знакот на охридските ракометари. Гостите од Ресен егал имаа само на почетокот од мечот кога на семафорот стоеше 1-1. Потоа еден состав играше и доминираше во натпреварот. Охриѓани се одлепија на 8-3 и од минута во минуга го зголемуваа водството. На полувреме резултатот беше 24-8, а на крај „гладијаторите“ славеа со 42-22.

Со 11 погодоци голгетерски се истакна Кристијан Димитриески. По него следуваа Мартин Ивановски со 8, Николче Ристески со 7 и Наум Костов кој реализираше 6 погодоци. Во гостинскиот состав со 10 голови најпрецизен беше Димитар Савевски.

Во третата рунда, охриѓани силите ќе ги одмерат со Радовиш.

OhridNews