Атлетичарите од „Охрид“ и „Охрид трчаТ“ имаа солиден настап на митингот „Отворање на сезоната 2020“ кој се одржа вчера на СРЦ „Билјанини Извори“.

Претставниците од двата клубови освоија четири одличја. Најуспешен со два медаљи беше Блажо Љушев (Охрирд) кој триумфираше во скок во далечина и финишираше на второто место во 100 метри. Марија Јованоска (Охрид) прва мина низ целта на 200 метри додека Дарко Велков од Охрид трчаТ заврши второпласиран во скок во далечина.

Митингот „Отворање на сезоната 2020“ во Охрид беше прв официјален настан после неколку месечна пауза во Македонија. Организаторите максимално се потрудија да ги почитуваат мерките и протоколите и успешно да одговорат на предизвико наречен спорт во време на ковид -19.

OhridNews