Охридските борци кои беа дел од македонската репрезентација во дисциплината „Џиу Џицу“ бразилски стил освоија четири одличја на меѓународниот турнир во Ниш, Србија.

На турнирот учествуваа најдобрите 200 борци од Бугарија, Хрватска, Македонија, Романија, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Најдобар успех од охридските борци имаше Ненад Ристевски, кој освои сребро во категоријата до 70 килограми. Во истата категорија, но кај јуниорите Илија Спасевски се закити со бронзен медал.

Бронзено одличје освоија уште Владимир Трајчевски до 76 килограми и Митко Белевски во категоријата до 88 килограми.

Македонската репрезентација на турнирот во Ниш учествуваше со десет борци меѓу кои и две девојчиња кои освоија златен медал во своите категории.

Мх.П.