Costa Rica-EnglandГГ и 3+ (2.15)

Вечерва продолжува третото коло во рамките на Светското Првенство во Бразил.Играат Коста Рика и Англија.Гледајќи ги овие две репрезентации со сигурност може да очекуваме натпревар со голови на двете страни.

Репрезентацијата на Коста Рика е сугурен патник во осмина финалето,тие ги совладаа репрезентациите на Уругвај со 3:1 и Италија со 1:0.

Од друга страна Англија е отпишана и после овој натпревар си оди дома.Англија на првите два дуели беше поразена од репрезентациите на Италија и Уругвај со идентични 2:1.

Ова ќе биде првиот дуел помеѓу овие две репрезентации.

Italy-Uruguay 2 (2.65)

Друг интересен натпревар вечерва е оној помеѓу Италија и Уругвај.Во овој дуел би требало да триумфира репрезентацијата на Уругвај.

Репрезентацијата на Италија на првиот дуел ја совлада Англија со 2:1 за на вториот да загуби од до сега најголемата сензација на Светското Првенство Коста Рика со 1:0.

Од друга страна и репрезентацијата на Уругвај загуби во првиот дуел од Коста Рика со 3:1,но по враќањето на нивниот најдобар поеденинец Луис Суарез репрезентацијата на Уругвај се разбуди и ја совлада Англија со 2:1.

Според традиција во блага предност е репрезентацијата на Уругвај која против Италија имаат одиграно 6 натпревари и на два триумфирале,на еден биле поразени и три пати завршиле без победник.

greece-Côte d`Ivoire 2 (2.15)

Следни на сцена се нашиот јужен сосед и БСК.Според нас БСК би требало да триумфираат и одат понатаму.

Нашиот јужен сосед на првиот дуел беше декласиран од страна на репрезентацијата на Колумбија со 3:0,а на вториот дуел изигра нерешено и без голови со репрезентацијата на Јапонија.

Од друга страна БСК на првиот дуел ја совладаа репрезентацијата на Јапонија со 2:1,а на вториот дуел изгубија од Колумбија со 2:1.

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.

Japan-Colombia 3+ (1.9)

И за крај вечерва играат Јапонија и Колумбија.Според нас овој натпревар би требало да биде брз и динамичен и со многу голови.

Репрезентацијата на Јапонија на првиот дуел загубија од БСК со 2:1,а на вториот дуел изиграа нерешено и без голови со нашиот јужен сосед.

Од друга страна Колумбија е веќе во осминафиналето совладувајќи ги репрезентациите на нашиот јужен сосед со 3:0 и БСК со 2:1.

Овие две репрезентации според традиција изиграле сосема спротивно од нашиот тип.Имено на три натпревари паднал само еден гол и тоа е единствениот триумф на Колумбија против Јапонија.

Останува вечерва да видиме дали овие две репрезентации ќе го подобрат својот скор.