Macedonia-GreeceВКУПНО ПОГОДОЦИ>51.5 (1.9)

Вечерва се играат реванш натпреварите од баражот за светското првенство во ракомет во Катар.Нашиот избор е нормално Македонија-Грција.Тука се се знае,нашите веќе го трасираа патот до Катар,останува само денешната заверка на билетот.Затоа типуваме на повеќе од 51.5 голови.

Предходниот натпревар во Атина заврши 27-25 во корист на Македонија,а тоа се точно 52 голови,ако се занемари и тоа дека репрезентацијата на Македонија и не изигра на нивото кое им доликува се надеваме дека вечерва во салата Борис Трајковски пред свои гледачи ќе го растурат нашиот јужен сосед.

France-Honduras 1 и 3+ (2.3)

Вечерва продолжуваат возбудувањата од Светското Првенство.На ред се Франција и Хондурас,а наш избор се французите.

Репрезентацијата на Франција се наоѓа на 17-та позиција на ФИФА ранг листата,играле 13 светски првенства,а освоиле едно,изиграно на домашно тло,победувајќи го тогаш прејакиот Бразил со 3:0.Овој пат се пласираа преку баражот против Украина (0:2;3:0).Французите на последните 5 натпревари општо имаат 4 победи (Јамајка 8:0,Норвешка 2:0,Холандија 2:0,Украина 3:0) и еден нерешен натпревар со Парагвај со 1:1.

Од друга страна репрезентацијата на Хондурас се наоѓа на 33-та позиција на ФИФА ранг листата и до сега имаат играно на две светски првенства.Репрезентацијата на Хондурас на последните 5 натпревари општо имаат една победа против Венецуела со 2:1,два нерешени натпревари (Англија 0:0,Еквадор 2:2) и два порази (Израел 2:4,Турција 0:2).

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.

Switzerland-Ecuador 1 (2.5)

Друг интересен натпревар вечерва е натпреварот Швајцарија-Еквадор.Според нас во овој дуел би требало да триумфираат швајцарците.

Швајцарија се наоѓа на 6-та позиција на ФИФА ранг листата и до сега имаат играно на 9 светски првенства.На последните 5 натпревари општо имаат три победи (Перу 2:0,Јамајка 1:0,Словенија 1:0),еден нерешен натпревар со Хрватска со 2:2 и пораз од Јужна Кореја со 2:1.

Од друга страна пак Еквадор се наоѓа на 26-та позиција на ФИФА ранг листата и имаат две светски првенства зад себе,а на последните 5 натпревари општо имаат една победа против Австралија со 3:4,три нерешени натпревари (Англија 2:2,Холандија 1:1,Хондурас 2:2) и пораз од Мексико со 3:1.

До сега овие две репрезентации се немаат сретнато.

KuPS-Honka 1 (1.85)

Попладнево во финската Веикаус лига се игра 14-то коло,а наш избор е натпреварот КуПС-Хонка и типуваме на домаќинот.

Екипата на КуПС се наоѓа на 6-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 4 победи (три во низа) и еден пораз.

Од друга страна екипата на Хонка се наоѓа на 7-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа,два нерешени натпревари и два порази.

Годинава екипата на КуПС дури два пати триумфирала против екипата на Хонка на 17.5 со 2:0 и на 16.4 со 0:3 и не гледаме причина зошто и попладнево да не се повтори истото.